Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири
ХРОНИКА

Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири

Објавено April 22, 2026 12:40
Сподели
Сподели

На судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска сведочеше студентката Теа Ѓорѓиева.

Таа кажа дека пиротехниката во локалот не била таму кога почнал концертот туку дека била донесена околу еден часот по полноќ и според нејзиното тврдење била наместена многу блиски и до бината но и до публиката.

Ѓорѓиева кажа и дека виралното видео од почетокот на пожарот е снимено со нејзин телефон, но дека во моментот на снимање таа и другите околу неа не мислеле дека пожарот ќе стане толку сериозен.

„Јас снимав со телефонот. Додека снимав, не го видов, после една минута забележав дека гори. Почетокот на пожарот е снимен на моето видео. Нормално, сите снимавме видеа во тие моменти… Бендот почна да пее, видовме дека почна да гори, но никој не го сфати сериозно тоа“, сведочеше Ѓорѓиева.

Таа појасни дека огнот тргнал од горниот дел на објектот, од искрите на пиротехниката.

Според нејзиниот исказ, иако членовите на бендот им кажале на присутните да излезат надвор, голем дел од публиката останал внатре. Паниката започнала кога луѓето масовно се упатиле кон излезот.

„Сфатив дека се заглавувам во гужвата… Следниот момент се сеќавам дека бев меѓу излезната и влезната врата. Знам дека бев заглавена, бев легната на земја и беспомошна. Во тој момент се обраќав за помош“, раскажа Ѓорѓиева

Дополнително, таа посочи дека почувствувала чуден, кисел мирис, а зад себе слушала звуци налик на експлозии.

Судскиот процес за „Пулс“ продолжува со изведување на докази, а пред судот ќе се повикаат и доктори од Судска медицина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници
Следна Статија СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова

Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина Кулакова, изрече денеска судијата во Кривичниот суд. На…

May 13, 2025
ХРОНИКА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Малолетници удираат и влечат за коса девојче клекнато на колена во Аеродром

На снимка која кружи по социјалните мрежи се гледа нов вознемирувачки случај на врсничко насилство и малтретирање меѓу скопските основци.…

July 1, 2026
ХРОНИКА

Случајот за убиствата на Вања и Панче при крај, на втори јуни почнуваат завршните зборови

Заврши доказната постапка во случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе

На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?