Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници

Објавено April 21, 2026 21:08
Сподели
Сподели

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител, и кажа дека попладнево пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пратеници, каде се предвидува еден дополнителен услов, односно, пратеник во Собранието да може да стане само лице кое има само македонско државјанство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој вели дека јавноста во изминатиов период е сведок на продукција на лаги од страна на СДС, и потсети на вчерашното соопштение на фејсбук страната на СДС во прашална форма, во однос на тоа дали дел од пратениците гласале на изборите во соседна земја. Стојаноски демантираше дека некој од нив поседува друго државјанство освен македонско, и ги повика опозиционерите од СДС да излезат на прес-конференција со истото, а не од собраниска говорница.

„Во текот на вчерашниот ден, излезе една вест на фејсбук страната на СДС во којашто сме ние неколкумина, со една прашална форма дали сме гласале на изборите во Бугарија“, рече Стојаноски.

Стојаноски вели дека тоа е стара вест, која била актуелна пред 5 години, каде тогашен министер за одбрана, а сегашен поранешен политичар во Бугарија, како што вели, сакајќи да создаде тема во јавноста ги наброил неколкумина, а тогаш имало и демант од нивна страна.

„Јас лично не демантирав, затоа што сметав дека не треба да се даде внимание на оваа тема, но со колегите разговаравме и одлучивме да ја пресретнеме оваа лага и уште еднаш да покажеме пред јавноста со што се служи СДС и на кое ниво е падната таа политичка партија. Затоа го поднесовме овој закон со идентичен текст како пред 5 години, тогаш коалицијата СДС и ДУИ не го поддржа“, вели Стојаноски.

Тој кажа дека утре има пленарна седница, каде ќе побараат законот да се стави на дневен ред, и СДС да се изјасни дали сега го поддржува како опозиција или тогаш како власт не го поддржуваше. Стојаноски напомена дека токму оние кои беа неведени во вчерашното соопштение на СДС го поднеле овој закон, а ја искористи приликата да демантира.

„Уште еднаш да демантирам, дека никој од нас не поседува никакво друго државјанство, а најмалку бугарско“, потенцираше Стојаноски и додаде:

„Ако се уверени во ова има начин тоа како да го докажат, нека се обратат до одредени институции, некој од нив нека нека излезе, ама да не биде од собраниска говорница, нека даде прес-конференција, секако дека ќе го тужиме“, истакна Стојаноски.

Тој дополни дека станува збор за партија која ги губи судските спорови, но вели и декка повторно ќе најдат начин како ова да го заобиколат.

„Ете ние сме потпишани на овој закон, утре ќе можат да се изјснат дали го поддржуваат или не. Ако го изгласаат, ако се тие во право ние петмина повеќе нема да бидеме пратеници, но јас мислам дека и овој пат или ќе најдат некаков начин ова да го заобиколат или повторно ќе треба да ги слушаат оние кои што и во минатиот период ги слушаа, а тоа е ДУИ“, заклучи Стојаноски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројно убиство во Подгорица: Градежник ги убил другарите, ја малтретирал мајка му и избегал
Следна Статија Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Нова развојна фаза на Македонија, Мицкоски најави 70 нови проекти во повеќе области

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?