Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та

Објавено April 28, 2025 15:28
Сподели
Сподели

Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан. Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година има зголемување од 0,1 процентен поен кај македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата надворешна побарувачка и економската несигурност која произлегува од менувањето на глобалните трговски политики што би можело негативно да влијае врз бизнисите и довербата на потрошувачите.

Светска Банка предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија ќе достигне 3,2 проценти во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.

Надолна коренција од 0,3 процентни поени за годинава има за албанската економија, за каде е проектиран раст од 3.2 проценти, кај БиХ и кај Црна Гора исто така надолна корекција за по 0,5 процентни поени, со што растот во тие држави ќе изнесува 2,7 проценти, односно три проценти. Кај Косово има пад на проекцијата за 0,1 процент со којшто БДП ќе изнесува 3,8 проценти, а кај Србија исто така пад но за 0,7 проценти и српската економија ќе има раст од 3,5 проценти.

-Забележуваме одредени позитивни економски трендови во Западен Балкан кои ја потенцираат отпорноста на регионот и треба да го поткрепат цврстиот економски раст. Пониската инфлација и растот на платите ја поддржуваат потрошувачката, јавните инвестиции почнуваат да се зголемуваат, вели во пишана изјава Шиаочинг Ју, директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкан.

Од друга страна, укажува Ју, сведоци сме на зголемена домашна несигурност во неколку економии во Западен Балкан. Побавната економска активност во Европската унија и зголемената глобална трговска несигурност би можеле негативно да влијаат врз изгледите за раст во регионот.

Според Светска банка, глобалната трговска несигурност веројатно негативно ќе влијае врз Западен Балкан како резултат на забавувањето на економската активност во еврозоната. Ваквото забавување би можело да ја намали трговијата со стоки и услуги, како и инвестициите и дознаките.

Во извештајот се наведува дека за време на овие периоди на несигурност, диверзификацијата на изворите на раст и обновата на агендата на структурни реформи се најделотворните стратегии за одржување на економската отпорност. Клучните мерки вклучуваат отстранување на пречките на пазарот на трудот – вклучувајќи ги и оние кои негативно влијаат врз жените – подобрување на регионалната економска интеграција, подобрување на стандардите за управување, како и зголемување на пазарната конкуренција за поттикнување на продуктивноста и поддршка на долгорочниот раст. Освен тоа, посочува СБ, за земјите на Западен Балкан, побрзото спроведување на реформите за пристапување во ЕУ – како што се приклучувањето во Единственото подрачје за плаќање во евра (СЕПА) и воведувањето на „зелени ленти“ за рационализирање на прекуграничната трговија – би можело дополнително да ја подобрат довербата на бизнисите, да привлечат инвестиции и да го поттикнат создавањето на работни места.

Во извештајот исто така се нагласува како зголемувањето на температурите и екстремните временски прилики, заедно со преодот кон економија со ниско ниво на јаглерод ги преобразуваат секторските вработувања во регионот, што пак бара значително прилагодување на работната сила.

Според Светска банка, шесте земји на Западен Балкан треба да дадат приоритет на реформирањето на своите системи за социјална заштита и услугите за вработување. Ова ќе ѝ помогне на работната сила во секоја од овие земји да се справи со негативните временски прилики како што се поплавите, сушите и шумските пожари и да биде подготвена за нови можности за вработување чии главен двигател е зелената транзиција.

– Зајакнувањето на системите за заштита на приходите на трудот да одговорат на потресите на вработувањето и подобрувањето на флексибилноста на системите за социјална заштита би можело да помогне во спречување на луѓето да западнат во сиромаштија. Освен тоа, преквалификацијата на работниците за зелени работни места би помогнала да се одговори на еволуирањето на побарувачката за вештини, промовирање на продуктивноста и растот, укажува Светска банка во Редовниот економски извештај за Западен Балкан.

Претходно, Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај, наведе дека растот на македонската економија оваа и следната година ќе изнесува 3,2 проценти, со стапка на инфлација од 3,4, односно 2,2 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по објавата на извештајот на ММФ, оцени дека проекцјата на Владата за раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реална.

Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат на некој начин поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, но е сепак на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7 проценти е реална, рече Димитреска Кочоска при учеството на Пролетните средби на Групацијата на ММФ и Светска банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО | Директорот на Геријатрија бил приведен во дворот, додека посредникот ги земал 20-те илјади евра мито во автомобил
Следна Статија Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, ќе се намалат цените на над 800 производи

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Протест на оризопроизводителите поради проблеми, од МЗШВ најавуваат итни решенија

Намаленото наводнување на оризовите посеви ќе има големо негативно влијание. Повисоки субвенции и промена во критериумите - со вакви барања…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој…

October 22, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?