Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?
СВЕТ

Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?

Објавено March 19, 2026 08:41
Сподели
Сподели

Војната на Блискиот исток и неизвесноста кога таа ќе заврши, ги принуди голем дел од бизнисмените своите фирми да ги префрлаат во Сингапур. Неколку влијателни медиуми и светски експерти пишуваат дека Сингапур станува новото Дубаи и дека голем број на банки, компании и инвестициски фондови го селат својот капитал во Сингапур.

Бизнисмени од Македонија и од регионот имаат сериозни бизниси во Дубаи па и тие веројатно размислуваат своите инвестиции да ги префрлат на посигурно место, во случајов во Сингапур.

„Ројтерс“ пишува дека по ескалацијата на конфликтот со Иран, дел од инвеститорите со средства во Дубаи почнале да разгледуваат префрлување на дел од своите портфолија кон финансиски центри како Сингапур, кои се сметаат за постабилни во услови на геополитичка неизвесност.

Во својата анализа од овој месец анализира дека конфликтот ја доведе во прашање перцепцијата на Дубаи како апсолутно безбедно прибежиште за капитал, што ги поттикнува некои инвеститори да размислуваат за географска диверзификација на средствата.“.


„Buisness times Singapore“ во својата анализа наведува дека приватните банки и менаџерите на богатство во Сингапур забележуваат зголемен број на барања од клиенти со средства во регионот на Персискиот Залив, кои бараат алтернативни финансиски јурисдикции поради зголемените безбедносни ризици.“.

Во прилог на овие тврдења говорат и информациите дека од почетокот на немирите цените на недвижностите во Дубаи паднале за повеќе од 30 проценти.


Уште еден сингапурски медиум „ Singapore Business Review“ наведува дека зголемените тензии на Блискиот Исток ги поттикнаа некои инвеститори да ги насочат средствата кон сигурни финансиски инструменти во Сингапур, вклучително и државни обврзници и приватно банкарство.

Професорот по економија на Дани Куах на Универзитетот во Сингапур во својата анализа „Сингапур во трансформација како финансиски хаб забележува:

„Развојот на Сингапур како глобален финансиски центар се должи на комбинацијата од политичка стабилност, силна регулаторна рамка и способност да привлече меѓународен капитал.“

Во публикацијата Asia Generational Wealth Report пак се наведува дека„Сингапур се трансформира во еден од најдинамичните глобални центри за управување со богатство и претставува клучна порта за прекугранични капитални текови во Азија.“

Познавачите на случувањата на Блискиот Исток наведуваат дека Дубаи секогаш бил атрактивен поради даночните бенефиции, но сега тие можеби не се најважниот приоритет., туку сега во преден план се става безбедноста и на луѓето и на капиталот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државниот обвинител Савески го почнува мандатот
Следна Статија Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање на две членови на Националната гарда во Вашингтон: Што треба да знаете

Полицијата соопшти дека осомничениот е во притвор и истрагата е во тек.

November 28, 2025
СВЕТ

Илон Маск: Јас не користам дрога

Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд…

June 1, 2025
СВЕТ

Маск им нареди на федералните работници да пријават што работеле или ќе се соочат со отказ

Милијардерот Илон Маск, шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на Трамп, во саботата се закани дека ќе…

February 23, 2025
СВЕТ

Нетанјаху се затру со храна и заврши во болница

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му е дијагностицирано воспаление на цревата предизвикано од труење со храна, објави неговиот кабинет во…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?