Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?
ЗАБАВА

СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

Објавено February 14, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Секоја година на 14.февруари се празнува Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли кој е Купид, што се случува кога ќе ве погоди неговата стреличка и зошто воопшто го славиме Св.Валентин?

Симбол на Св.Валентин е римскиот бог Купид прикажан со лак и стрела. Се вели дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби. Овој празник го добил името по светецот Валентин кој живеел во 3.век после Исус Христос.

Традицијата на славење Св.Валентин

Традицијата на славење на Св.Валентин е најверојатно една од најдолгите во историјата на христијанството. Првите честитки за Св.Валентин датираат од Англија и Шкотска, во раниот среден век, кога постоел обичај на прагот на својата сакана да се остави љубовна порака или честитка украсена со чипка или со некој друг материјал. Во некои земји постоел обичај на девојката да и се подари облека, а ако таа ја задржи облеката, тоа би било знак дека се согласува да го поминете остатокот од животот заедно.

Постојат повеќе верзии за настанокот на оваа легенда. Официјалната католичка црква се држи до тоа дека Св.Валентин бил свештеник исцелител (името Валенс на латински значи здрав), заштитник на здравјето.

Венчавките тогаш се одржувале некаде околу месецот февруари, кога Св.Валентин бил погубен, за да се навести дека доаѓа пролетта и да се избегне големата гужва за време на Божиќ и Велигден. Оттука е и неговата поврзаност со бракот.

Многу од т.н Пагански религии како што се римската и грчката го земале токму месец февруари за да се слави магијата поврзана со бракот или љубовта, па се претпоставува дека тој обичај можеби е преземен од древните религии. Колку е ова вистина, никој не можел да докаже.

Свети Валентин – заштитник на празникот на љубовта

Најпознатата приказна е онаа во која Св.Валентин се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните одбранички. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не би смеел да се венча, бидејќи тоа би му го одземало вниманието кое требало да го има кон војувањето. Сите морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи ги и свештениците. Свештеникот Валентин не ги почитувал тие наредби и почнал тајно да ги венчава младите парови ризикувајќи на овој начин да заврши во затвор и да биде погубен, што на крајот и се случило на 14.февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на Валентин му била отсечена главата.

Недолго потоа, од страна на народот тој бил прогласен за светец, а подоцна кога христијанството се зацврстило и кога завршило прогонството, свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин.

Како и да е, денот на Светиот Валентин денес е познат низ целиот свет како Ден на заљубените. Веројатно не можете да си замислите ситуација да сте во врска, а на тој ден на саканата личност да не и купите барем некој скромен подарок или пак да организирате заедничка вечера, кино, прошетка или нешто по ваш избор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
Следна Статија (Видео) Галатасарај прегазен во Алкмар, Порто извлече реми против Рома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Oва е Матео, готвачот што ослабна 89 килограми

Готвачот Матео Гранди (34) вели дека во еден момент тежел нешто повеќе од 184 килограми, но на крајот успеал да…

April 18, 2025
ЗАБАВА

Тектонски промени кои ќе траат до октомври за овие четири хороскопски

Плутон, малата, но моќна планета на погонот, трансформацијата преку траума и потсвеста, помина ретроградно низ знакот Водолија и ќе остане…

May 7, 2025
ЗАБАВА

Порше претстави нов 911 GT3 инспириран од Фердинанд Александар Порше

Новиот 911 GT3 90 F.A. Порше ќе биде ограничен на само 90 примероци.

December 14, 2025
ЗАБАВА

Џастин Бибер фотографиран во Њујорк, фановите загрижени за неговиот изглед

Џастин Бибер (30) е фотографиран во Њујорк како изгледа напнато и исцрпено, а фановите се почесто шпекулираат за можни брачни…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?