Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Бараме итна оставка од министерот Тошковски откако наркодилерот Цуната избега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Бараме итна оставка од министерот Тошковски откако наркодилерот Цуната избега
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бараме итна оставка од министерот Тошковски откако наркодилерот Цуната избега

Објавено July 14, 2026 13:43
Сподели
Сподели

Опозициската СДСМ обвинува дека во Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со министерот Панче Тошковски се случува тотален распад.

Оттаму велат дека наводно било дозволено бегство на Александар Лазаров-Цуната од Кочани, кој во јавноста се поврзува со недозволена трговија со дрога.

Кети Штерјова од СДСМ денеска на прес-конференција рече дека полицијата прво дозволила осомничениот да побегне, а дури потоа презела формални чекори за негово пронаоѓање.

„ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорецот во полициската станица во Кочани, а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање“,рече Штерјова.

Таа додаде дека Лазаров се поврзува со дискотеката „Пулс“ и со пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја власта за заштита на лица блиски до нивните структури.

„Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара, а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор“,додаде таа.

Според СДСМ, овој настан е дел од поширока низа пропусти и потсетија на некои настани за кои и изминатиот период говореа.

„Криминалци слободно си поминуваат преку граница, пет тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше“,рече Штерјова.

Партијата смета дека се работи за класична злоупотреба на безбедносниот апарат за која мора да се сноси и политичка и кривична одговорност.

Социјалдемократите побараа оставка од министерот Тошковски за излез од, како што велат, целосниот распад на МВР.

„Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта. Тошковски има многу прашања за одговарање, но пред сè треба да понесе одговорност. СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски“,додаде Штерјова.

Случајот за избеганиот Лазаров во саботата го обелодени опозицискиот СДСМ соопштувајќи дека лице приведено за трговија со дрога успеало да избега од полициската станица во Кочани.

Од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и тогаш побараа да каже кој е одговорен за случајот, како и да се утврди дали имало пропусти или злоупотреби при постапувањето на полициските службеници.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е распишана меѓународна потерница по лицето Александар Лазаров (41) од Кочани, осомничено за кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани вчера го посети директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, каде што се информира за околностите поврзани со бегството на Лазаров. Рече дека бегството на лице што им било познато на полициските служби претставува сериозен пропуст што бара целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внимавајте: Од денеска почнуваат новите правила за возење тротинет
Следна Статија Млад маж загина при сеча на дрва во Горно Мелничани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ и Левица не прифаќаат ни биометриска заштита на гласањето на дијаспората!

ВМРО-ДПМНЕ направи компромис по однос на сите барања на Левица и СДСМ, поврзани со финансирањето на изборните реклами, условите за…

July 1, 2026
ПОЛИТИКА

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ, ДУИ и ВЛЕН во мртва трка

Најновата анкета на јавното мислење објавена на јавниот сервис, спроведена во пресрет на претстојните локални избори, покажува убедлива предност на…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?