Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“
ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

Објавено August 14, 2025 12:51
Сподели
Сподели

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните злоупотреби во рамки на програмата Еразмус+.

На прес-конференција, потпретседателот на СДММ, Јовица Јанковиќ, изјави дека ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, во својот извештај објавен минатата година, наведува злоупотреби на европски средства во вредност од милиони евра.

„Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра. Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт. Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?“, рече Јанковиќ.

Тој додаде дека постојат информации од свиркачи за доделување на над 8 милиони евра на фирми под сомнителни околности и дека претходниот конкурс бил поништен за да се назначи в.д. директорката.

СДСМ бара од Владата да ја разреши Михајлов и итно постапување на Јавното обвинителство за процесуирање на сите инволвирани лица, нагласувајќи дека европските средства наменети за младите и образованието не смее да се користат за партиски или личен профит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пешевски: Кацарска со пресудите за „27 април“ го погреба правосудство, ама доби награда да биде уставен судија
Следна Статија Лефков: Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ избра нов Централен одбор, ова се членовите

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на вчерашната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски најави нова детска градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата АВНОЈ

Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат – Максим Димитриевски најави нов голем капитален објект – изградба на детска…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?