Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација
ПОЛИТИКА

СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

Објавено January 13, 2026 12:32
Сподели
Сподели

Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ.

„Наблизок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата Влада е Иван Стоилковиќ, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата.

Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“ познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи.

Уште полошо од ова е што и самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и ЕУ интеграција, со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС, прави сѐ спротивно, водејќи ја Македонија кон изолација.

Реформите за ЕУ намерно се избегнуваат, намерно се создаваат конфликти со соседите, се измислуваат причини за да се блокираат преговори. Се е смислено сценарио, дел од една анти – ЕУ кампања за власта да продолжи пљачката на државата.

Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно.

Ова покажува дека политиката на изолација на Мицкоски оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација“, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ветерните лидери предупредуваат на глобален ‘прелив’ од зелениот удар на Трамп
Следна Статија МНР ги повикува граѓаните кои престојуваат во Иран, да ја напуштат државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мисајловски: На 19 октомври Чучер Сандево ќе покаже дека знае да избере чесност и посветена работа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот митинг во Општина Чучер Сандево истакна дека општината е со историја, со достоинство,…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓеорѓиевски, во интервју…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје

Поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, заедно со докторот Никола Пановски ќе бидат на…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?