Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е цел на јавен линч и постојаната црна кампања со лаги и измислици од еден центар – ВМРО, обвинија денеска од СДСМ.
Во продолжение соопштението
По неуспешните акции со Дубаи, зграда од 42 спрата, Венеција, Сент Морис, обидите за рушење на СДСМ одвнатре, неуспешните акции со квислингот Десппотовски во координација со Геро и Талеска, позната по врските со Латас, преку спонзорирани објави од Алта банка, отидоа дотаму што го споредуваа дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца.
Не застанаа, една неуспешна акција ја заменуваа со нова.
Гледаме напади за претседателот Филипче и поради кандидатот за ДИК, Бојан Маричиќ, кујните пишуваат дека тоа е за шарена револуција и Сорос. Иста copy-paste кампања како Вучиќ.
Последно, тргнаа во нова црна кампања и јавен линч преку лагите на Жан Митрев.
Прво лагата беше пласирана преку емисија на Алфа ТВ, потоа координирано ја објавуваа кујните на ВМРО, за на крај да излезат и на прес конференција нарачателите.
Да имаше малку вистина, немаше да чекаат, немаше да одат и да најавуваат на ТВ, веднаш ќе презема нешто, ќе имаше кривични пријави.
Не го прават тоа затоа што знаат дека така ќе одговараат по Кривичен законик а не само за клевета.
Претседателот Филипче целосно ги разоткри и сега ќе следува одговорност, за нарачателите и за извршителот.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема одговор на вистинските прашања ниту пак решенија за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Нема одговор за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензии, нема одговори за мигрантите, за црниот капитал преку Алта банка, за криминалните тендери.
Има само дефокус, јавен линч и црна кампања.
Целта на криминалната власт е на граѓаните да им се згади од политика.
Сега ова го знаат сите во Македонија.
Разоткриени сте. Сите ќе одговарате.