Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ денеска го бира новото раководство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ денеска го бира новото раководство
ПОЛИТИКА

СДСМ денеска го бира новото раководство

Објавено December 16, 2025 10:37
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека денеска ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство, освен партискиот лидер.

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.

– Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира утре, рече лидерот на СДСМ.

На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по поразот на локалните избори, Филипче вели дека функцијата ја презел неодамна.

На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ.

– Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, соопштија тогаш од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Виkinзите три­умфираат врз Каубоите: Резиме на натпреварот 34-26
Следна Статија Почина Роб Рајнер: Режисерот на ‘Спинал Тап’ и ѕвезда од ‘Сите во семејството’ беше на 78 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Кој зборувал за коалиција со Мицкоски, ние не преговараме за фотелји

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Во интервју за Дојче веле говореше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот се осврна на претстојните локални избори…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба објави видео во кое го најавува проектот за ново училиште. Образованието…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори се секогаш можност да зборуваме за локални проблеми. Најчесто граѓаните ги интересираат проблеми кои се од најтесниот нивен…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?