Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?

Објавено January 23, 2026 11:11
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека интензивирањето на нападите, црните кампањи и обидите за внатрешно рушење на партијата доаѓаат во момент кога СДСМ, како што наведуваат, „со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ“.

„Сите диригирани и координирани од еден центар – ВМРО, помогнати од нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа–Алта“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека ВМРО „најде двајца слаби од нашите редови за ова предавство“, отворајќи го прашањето зошто токму Јово Деспотовски и Петре Шилегов се избрани за, како што велат, напад врз СДСМ.

Во соопштението се наведува дека против Јово Деспотовски е поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможил на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од 10 милиони евра. Постапката сè уште е во тек“, се наведува во соопштението.

СДСМ тврди дека по, како што велат, „неуспешните првични обиди“, Деспотовски ги продолжил нападите кон партијата „во директна координација со Геро и објави на неговиот портал“, користејќи иста реторика и теми како ВМРО, што, според СДСМ, важи и за настапите на Петре Шилегов.

Во однос на Шилегов, од СДСМ наведуваат дека „предавството можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови“, но додаваат дека располагаат со информации оти Основното јавно обвинителство во 2024 година побарало доставување податоци и оформило предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.

„Овој предмет сè уште е во истражна постапка и се однесува на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата градоначалник на Скопје“, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, ВМРО врши уцени „со кривични пријави или други процеси“, но порачуваат дека обидите за рушење на партијата одвнатре нема да успеат.

„Ќе се избориме со сите напади. Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бесплатно надградување за Mario Kart World ви овозможува тимско трчање во Knockout Tour
Следна Статија Метс ги придобија Фреди Перелта и Тобијас Мајерс во голема размена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса

Откривањето на незаконските активности на раководството на ВЛЕН, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето: ВМРО-ДПМНЕ ги…

June 4, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Наместо ХАОТИЧНО градење секоја нова градба ќе биде системски планирана

Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во својот говор во Чаир, се осврна на тврдењата на одредени политичари…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?