Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Мицкоски лаже за Изборниот законик, сака да истурка измени со кои ќе злоупотреби 200 000 гласа од дијаспората
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Мицкоски лаже за Изборниот законик, сака да истурка измени со кои ќе злоупотреби 200 000 гласа од дијаспората
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски лаже за Изборниот законик, сака да истурка измени со кои ќе злоупотреби 200 000 гласа од дијаспората

Објавено July 3, 2026 10:40
Сподели
Сподели

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во телевизиско гостување синоќа, а во која рече дека целта на воведувањето електронско гласање на дијаспората е да се овозможи македонските граѓани во странство полесно да го остваруваат своето гласачко право и оти не разбира зошто СДСМ и Левица се против тоа.

Според социјалдемократите од Бихаќска, станува збор за уште една лага на премиерот бидејќи, како што велат, дијаспората и сега гласа согласно постојниот модел, а измените на кои инсистира ВМРО-ДПМНЕ се предвидува да почнат да се применуваат од претседателските избори во 2029 година, па понатаму.

Главната цел на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, е да истурка Изборен законик што ќе овозможи изборен грабеж преку злоупотреба на 200 000 гласа.

„Откако насилно ја укина техничката влада и проба шверцерски да протне Изборен законик за нов изборен грабеж со злоупотреба на 200 000 гласа, сега вели целта му била гласањето на дијаспората и дека СДСМ не сака да дозволи да гласаат сограѓаните од дијаспора. Ова е чиста лага. Прво затоа што дијаспората гласа и сега, со постојниот модел, второ затоа што измените што ги предлага се за 2029 година“,се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

Оттаму додаваат дека причината поради која премиерот и партијата со која раководи настојуваат да ја протнат оваа измена на Изборниот законик што води кон изборен грабеж е бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со електронско гласање од надвор.

„А сите знаеме како ВМРО ги крадеше изборите. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура, проверка, личен документ, потпис во избирачкиот список, идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака да нема никакви правила и да нема никаква контрола за гласањето на дијаспората. Уште една лага на Мицкоски е разобличена“,наведуваат од опозициската партија.

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител ги отфрли тврдењата на опозицијата дека со воведувањето на можноста за електронско гласање на дијаспората на избори ќе ја отвори вратата за изборни манипулации. Тој ги повика опозициските СДСМ и Левица, кои се противат на ова решение, да седнат на разговори со владејачкото мнозинство и да се најде модалитет како македонските државјани што живеат во странство наједноставно да го остварат своето гласачко право. Гласањето, како што рече, може да биде електронски или преку писма.

Инаку, во соопштението СДСМ го оценува како уште една лага тврдењето на премиерот Мицкоски дека на минатонеделната собраниска седница, на чиј дневен ред беа пратенички прашања, не му се заканувал на лидерот на опозициската партија Венко Филипче.

„Мицкоски вели дека не се заканувал. Повторно лаже, граѓаните слушнаа како од говорница на македонското Собрание се закани со затвор и политички прогон за сите политички неистомисленици. Вели не навредувал а постојано ги навредува граѓаните како ‘талог на општеството’, ‘глодачи’ ‘медиокритети’, ‘мекотели’… Мицкоски постојано лаже. Пред неколку дена рече заминува од политиката и се враќа на Факултет, вчера вели не кажав кога“,велат од Социјалдемократскиот сојуз.

Премиерот во гостувањето на телевизија Сител изјави дека не упатил закани кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата за пратенички прашања минатата недела, туку само го пренел тоа што е глас на народот и што стигнува до него.

Инаку, на седницата за пратенички прашања на 25 јуни, Филипче упати серија критики до премиерот и Владата, обвинувајќи за лошата економска состојба во државата, стагнацијата во евроинтеграции, заминувањето на младите и за партиски тендери, на што Мицкоски одговори: „Кога луѓето ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни бидејќи правдата дошла“.

Од СДСМ велат дека премиерот со синоќешните изјави повторно лаже, исто како што лажел за Преспанскиот договор, враќањето на името, преговарачката рамка, дека е загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија е трета економија во Европа.

„Народот знае, кој лаже тој и краде. Фронтот за вистина и правда ќе ја врати власта во рацете на граѓаните а потоа сите ќе одговараат пред независното судство и пред законот“,порачуваат од СДСМ на крајот од соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
Следна Статија Почина новинарот и долгогодишен уредник во МРТВ Нијази Мухамеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори

Владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда

Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии,…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче ќе повика на лидерска средба по трагедијата во Кочани

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата,…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?