Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

Објавено September 5, 2025 11:39
Сподели
Сподели

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на министерот за правда“. Овој скандалозен потег, иако навидум е академски, е всушност крајно непримерен и не споив со високата јавна функција што тој ја извршува. Министерот за правда магистрира на тема за сопствени надлежности“, рече Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

„Ова е директен судир на интереси, кој го разобличува неговиот личен и институционален интегритет.

Постапката на министерот отвора прашања за неговата свест за Законот за спречување на корупција и судир на интереси и неговите одговорности како службено лице.

Со користење на службени документи и информации до кои има пристап како министер, за да ги искористи за лична академска добивка, Филков директно го прекршува членот 62 од истиот закон, кој забранува какво било користење на службената положба за лични цели.

Ова не е ништо друго освен злоупотреба на службената должност.

Изјавата на министерот дека „не постои конфликтна или не конфликтна тема за магистерска работа“ е не само арогантна, туку и скандалозна.

Со тоа тој ги игнорира сите етички и законски принципи.

Токму креирањето на стратегии во правосудството е законска надлежност на Министерството за правда. Тие се дело на државни службеници и експерти, и никој нема авторски права над нив, па дури ни министерот.

Со овој чин, министерот Филков, всушност, си присвојува државен труд за своја лична корист.

Ова не е само неетички чин, туку и ја доведува во прашање суштината на академската чесност и интегритет.

Господине Филков, со овој потег, Вие го изгубивте моралниот и професионален интегритет за да ја извршувате функцијата министер за правда.

Очекуваме реакција на Антикорупциската комисија. Поттикнувањето на сомнежи за судир на интереси и злоупотреба на службената положба не смеат да бидат дел од дејствувањето на еден министер.

Јавноста бара одговорност, а не оправдувања и ароганција“, изјави Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“
Следна Статија Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Центар е во сигурни раце, ќе ги исполнам сите ветувања

Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер славиме, а од утре…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари го трола Ахмети: Ако има парламентарни во 2025-та, Али ќе бара предвремени и за 2026-та…

„Идната година секако ќе има избори, меѓутоа тоа ќе бидат локални избори, ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за…

November 14, 2024
ПОЛИТИКА

(Видео) Митески: Во Аеродром реализираме проекти кои доаѓаат од граѓаните

„Твој денар, твоја одлука, твој проект. Она што го вложуваш како граѓанин се вложува назад, во твоето маало, на твојата…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски 30 години е во политика без да направи нешто добро за државата

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?