Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“

Објавено August 13, 2025 12:48
Сподели
Сподели

СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која располага со средствата од Еразмус+.

Претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, истакна дека Ана Михајлов, првиот човек на агенцијата е под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами. Според СДСМ, ова ја урива довербата на младите во институциите.

СДСМ тврди дека назначувањето било направено „во координација“, но без согласност од Европската унија, која експлицитно го оценила огласот како нелегитимен и барала повторно објавување за нови кандидати.

Според свиркачите, причината за тоа е кандидатурата на Ана Михајлов, која од 2014 до 2017 година, заедно со Дорина Ѓорчева, доделила преку 8 милиони евра, што според СДСМ е предмет на истрага за можна проневера на европски средства.

Манасков исто така го спомена Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка, како и поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“.

СДСМ бара Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и да обезбеди услови истрагата на ОЈО да продолжи, а Обвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во скандалот да одговараат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонка била касната од отровна риба „Драгон“ во Грција
Следна Статија МВР поднесе кривична против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори

Во телевизиското соочување на Канал 5 со противкандидатот Орце Ѓорѓиевски, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, се осврна на…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Со Сашко СДСМ оди на победа во Крива Паланка

Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека СДСМ оди на победа во Крива Паланка со градоначалникот и кандидат на СДСМ…

August 29, 2025
ПОЛИТИКА

Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?