Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план
ПОЛИТИКА

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

Објавено June 20, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Опозициската СДСМ денес алармираше за, како што велат, „сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Станува збор за брзата пруга која што според најавите треба да чини околу 2 милијарди евра.

„Пред очите на јавноста се одвива уште еден ‘проект’ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини“, изјави на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, прашувајќи ако нема проект, ако нема студија, ако нема анализа на трасата – како се дојде до бројката од 2 милијарди евра, и кој и врз основа на што ја пресметал?

„Одговорот се наметнува сам: Се пресметува провизијата, не трошокот“, рече Кузеска.

Според СДСМ, „ова е подготовка за најголемиот тендерски криминал во поновата историја“.

„ВМРО-ДПМНЕ го повторува моделот: се ветува мегапроект без основа, се зголемува цената однапред, се отвора пат за перење пари и за богатење на партискиот врв. И во целата таа матрица на измама – Мицкоски вели пругата ќе почне до крајот на годината, а министерката Кочоска изјавува дека нема да почне ни до 2027 година“, истакна Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда
Следна Статија Палевски: Видевски пукаше, Манев е организатор, а Кешишев стражар на двете убиства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ, Софија Куновска, со остра и метафорична критика го оцени вчерашниот Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз,…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не го интересира партијата туку желбите на Заев

Венко Филипче воопшто не е заинтересиран ниту за партијата, уште помалку за граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче секој…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Што ветил Таравари на фирмата „Ѓока“ од Албанија за паркингот на Клинички центар?

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?