Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не влезат опозициски министри и да го откријат криминалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не влезат опозициски министри и да го откријат криминалот
ПОЛИТИКА

СДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не влезат опозициски министри и да го откријат криминалот

Објавено January 10, 2026 14:53
Сподели
Сподели

Секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад на демократијата и слободните избори, смета СДСМ.

Во партиско соопштение најголемата опозициска партија вели, планот на премиерот Мицкоски не вклучувал дијалог за реформи, туку за смислено сценарио за распишување договорени предвремени избори.

„Планот на Мицкоски и тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ не беше за дијалог, ниту за реформи. Станува збор за смислено сценарио за распишување на веќе договорени предвремени избори, а потоа мигранти за пари. Сценарио во кое сите институции се заробени во канџите на власта, а Македонија намерно се држи во изолација, за да течат криминални тендери“,се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат оти дополнително, со резолуции и законски решенија се удира врз слободата на говорот на опозицијата, се гуши демократијата и се создава атмосфера на страв.

„Целосно е окупиран правосудниот систем – воспоставена е контрола врз обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, обвинители премиерот ги нарекува ‘медиокритети’, а не сака да им се извини, се носат измени на Кривичниот законик за спас на функционерите на власт. Целта е целосна контрола и заштита на криминалот и корупцијата. СДСМ нема да биде дел од такво сценарио и нема да учествува во негово легитимирање туку јавно ќе продолжи да се спротивставува“,наведува СДСМ во соопштението.

Оттаму сметаат дека власта не ја сака техничката влада затоа што влезот на министри од опозицијата значи увид во злоупотребите и во целиот коруптивен систем воспоставен од сегашната власт.

„Со оглед на тоа дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе започна со објавување на сериозни афери, постојат уште многу работи кои се кријат од очите на граѓаните. Во наредниот период, АКТ ќе покаже уште многу примери – зошто мора да остане техничката влада. Техничката влада мора да остане затоа што таа претставува последна институционална линија на одбрана од злоупотреба на најважното демократско право – слободната волја на граѓаните во изборниот процес. Техничката влада е единствената реална светлина и можност, обид за чесни и фер избори“,стои во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Некрстени денови: Народни обичаи и верувања – еве што никако не смеете да правите од Божиќ до Водици!
Следна Статија Вардар го достигна критично ниво во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

Коалицијата ВРЕДИ реагираше на денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кое партијата побара распишување на предвремени парламентарни…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Првични резултати: Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ 1543, СДСМ 527, Бутел 1422 со 276, во Ѓорче е 3 спрема 1

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од неколку општини. Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има 1543 гласа пред СДСМ кој има 527.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?