Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ
ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Објавено May 12, 2025 17:10
Сподели
Сподели

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и во својата предизборна програма говореше за итна потреба од „дедуизација” на општеството. Под „дуизација” неподразбираме албанофобија, туку напротив, „дуизацијата” значеше систем на коруптивно и криминално владеење. Систем кој го разори институционалниот систем, рече денеска потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпретседател на Собранието Весна Бендевска.

На новинарско прашање како ја оценува владината коалиција, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека лидерот на едното крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари си заминува од Владата, Бендевска рече дека премиерот вчера го соопштил својот став.

– Премиерот Мицкоски вчера го соопшти својот став, но Движење ЗНАМ – За наша Македонија во неколку наврати го кажуваше својот став. За нас е неприфатливо да седиме во иста Влада со субјект кој се договара со ова нереформирано ДУИ, рече Бендевска.

За тоа каква е комуникацијата со пратениците од крилото на Алијанса на Албанците предводено од Арбен Таравари и дали, можеби има некакви најави дека дел од нив ќе останат со мнозинството, Бендевска рече дека „членовите на Алијанса за Албанците не присуствуваа на координацијата и навистина ќе е неодговорно да тврдам што ќе се случи со пратениците“.

Во врска со изјавата, пак, на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети дека Владата нема етнички легитимитет, со оглед на тоа што со владиното мнозинство остануваат само девет пратеници Албанци, потпретседателката на ЗНАМ истакна дека „оваа Влада е сѐ, само не моноетничка“.

– ДУИ отиде и понатаму и ја нарече оваа влада моноетничка. Еден политички субјект од четирите што ја формираа Вреди заминува. Остануваат три партии, сега здружени во еден политички субјект Вреди и оваа Влада е сѐ, само не моноетничка“, вели Бендевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во ОАЕ
Следна Статија Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на вчерашниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Хајредини: Додека во СДСМ се мешаат Заев и Ковачевски, рејтингот на Филипче ќе се намалува

На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните. Ја…

October 17, 2024

СДСМ избира ново раководство: Филипче најави „искусни и млади“

СДСМ утре, на 16 декември 2025, треба да го избере новото партиско раководство, односно новите потпретседатели и новиот состав на…

December 15, 2025
ПОЛИТИКА

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?