Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише указите за новите Закони за полиција и за внатрешни работи.
Чупеска посочи дека измените предвидуваат партизација на полицијата, со што, според СДСМ, се укинуваат професионалните стандарди и се зголемуваат дискреционите овластувања на министерот за внатрешни работи.
Таа предупреди и на одредбите кои овозможуваат следење преку биометриски податоци без утврден надзор, како и на укинување на професионални критериуми за раководни позиции, што, според партијата, отвора можност за вработување на лица без искуство или со криминално досие.
СДСМ најави дека, покрај апелот до претседателката, ќе достави официјален елаборат до меѓународните институции, вклучително и амбасадите на ЕУ, САД, ОБСЕ и Советот на Европа.