Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ ќе истражува криминал на власта и ќе го објавува преку „бомби 2.0“, најави Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ ќе истражува криминал на власта и ќе го објавува преку „бомби 2.0“, најави Филипче
ПОЛИТИКА

СДСМ ќе истражува криминал на власта и ќе го објавува преку „бомби 2.0“, најави Филипче

Објавено December 5, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска најави отворање нов фронт за, како што кажа, борба со корупцијата и криминалните шеми на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, тој откри неколку иницијативи и активности од кои дел партијата веќе ги презела, а дел најавува дека ќе започне наскоро.

Антикорупциски тим во рамки на нова партиска програма „Нова сила“ кој ќе го води проектот насловен „Бомби 2.0“ се дел од активностите за кои Филипче говореше на денешната прес-конференција.

На самиот почеток, тој соопшти дека СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и лично да се запознае со случајот со земањето мито во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој поради што сега веќе поранешниот директор на оваа служба заврши во притвор, а исплата на средства од ИПАРД-програмата беше суспендирана.

„СДСМ ја повикува европската обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија. Лично да се запознае со малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои, и тоа што е веќе јасно ИПАРД-програмата во која се загрозени 130 милиони евра.

Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот на власта коишто се заштитници со своето однесување на криминалот, и тоа да биде над правото и над јавниот интерес. Гледаме дека власта единствено нешто што прави, апропо сите овие скандали, посебно овој со ИПАРД-фондовите, е да ја дефокусира јавноста.

Наместо да има одговорност после апсењето на нивниот директор, член на ВМРО-ДПМНЕ, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, гледаме само спинови, само обвинувања кој опозицијата“,кажа претседателот на СДСМ.

Сепак, како што кажа тој, фактите говорат дека станува збор за најголемата проневера на европски пари во Македонија, од членови на ВМРО-ДПМНЕ блиски до премиерот Христијан Мицкоски.

Со вклучувањето на Лаура Ковеши, партијата предводена во Филипче очекува овој скандал целосно да се расчисти и државата да се осигури дека повеќе нема да се случуваат скандали од ваков тип.

„Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ за да си играат со судбината на Македонија и да си играат со европската иднина на Македонија на граѓаните. Да си играат со европските фондови коишто се наменети за подобар живот на граѓаните и за подобар систем тука во државата“,кажа тој.

Формирањето на т.н. антикорупски тим во рамките на програмата „Нова сила“, е втората иницијатива за кој информира лидерот на СДСМ денеска.

Како што појасни, станува збор за тим од советници од областа на правото и финансиите и од активисти на СДСМ. Нивната задача, рече Филипче ќе биде да истражуваат скандали и да ги разоткриваат корупциските шеми на власта.

„Што ќе работи овој антикорупцицски тим? Тоа што го гледаме овие денови. Ќе истражува скандали, ќе анализира документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесува соодветни пријави до национални и до меѓународни институции. Така како што почнавме така ќе продолжиме да откриваме и понатаму. Зад ова стои енергијата на младите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. И тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во европска Македонија“,изјави претседателот на СДСМ.

Најави и дека наскоро партијата ќе објави платформа на која граѓаните од целата држава ќе можат, како што кажа, да пријавуваат скандали, да прикачуваат документи, да доставуваат докази и материјали.

Помош рече Филипче ќе биде побарана и од антикорупциските институции во Италија и да се искористи нивното децениско искуство во борбата против Коза ностра, една од најорганизираните криминални организации во историјата на Италија и Европа.

„Како тие што се справија со Коза ностра, можеме и ние тука да се справиме со оваа мафија на ВМРО-ДПМНЕ. Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше и мора сè да се истражи затоа што крадењето мора да престане. Секој што крадел да одговара“,рече Филипче.

Во таа насока, додаде дека тие веќе ги подготвиле новите „бомби 2.0“, алузија на прислушуваните материјали што ги објавуваше екслидерот на СДСМ, Зоран Заев против тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски.

„Најавувам дека утре следува друга, нов скандал, нова корупциска шема во која се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме докази, ќе ги прикажеме во јавноста. Борбата продолжува почитувани граѓани. Работата не е завршена“,порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп додели целосно помилување на Тим Лајвеке, клучна личност во развојот на Climate Pledge Arena
Следна Статија PS5 Action RPG The God Slayer No Longer Part of Sony’s China Hero Project, First Gameplay Footage Is Jaw-Dropping – Push Square

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ за Блаце: СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија. Автопатот од…

October 27, 2024
ПОЛИТИКА

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт

Првиот вицепремиер и еден од лидерите Вреди, Изет Меџити во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?