Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
СВЕТ

Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина

Објавено April 28, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун.

Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако илјадници нивни војници беа распоредени во Курската област за борбени дејства.

„Операциите за ослободување на Курската област за одбивање на авантуристичкиот упад на украинските власти во Руската Федерација завршија успешно“, соопшти КЦТА, додавајќи дека припадниците на вооружените сили учествувале во операциите по наредба на Ким Џонг-ун.

Во изминатите недели украинските сили се повлекуваа во овој регион, додека руската армија полека напредуваше.

Украинските сили претходно имаа заземено неколку стотици квадратни километри на руска територија, вклучувајќи и клучна пумпна станица за транспорт на руски гас кон Европа.

Украинските лидери ја оправдаа оваа офанзива со цел да добијат подобра преговарачка позиција. Наскоро потоа, претседателот Володимир Зеленски предложи територијална размена, која Москва веднаш ја одби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клуч за последното казино во Шведска
Следна Статија РК Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници, меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите 175 патници и четворица членови на екипажот загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви…

December 29, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Ураганот Кирк пристигнува во Европа

Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со…

October 9, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Доналд Трамп положи заклетва како 47. претседател на САД

Во овој момент во тек е церемонијата на која Доналд Трамп положи заклетва како 47. Претседател на Соединетите Американски Држави.…

January 20, 2025
СВЕТ

Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за етапно воведување на…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?