Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш
СПОРТ

Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш

Објавено July 25, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, оцени дека триумфот над Лозана синоќа во Скопје е апсолутно заслужен, но посочи дека неговиот тим за една недела го очекува реванш и оти противникот сè уште ја има фаворитската улога.

„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот.Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите десетина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет“, рече Седлоски по натпреварот.

Вардар до победата во рамки на првиот натпревар од 2 квалификациско коло во Конференциската лига дојде со головите на Мато (45+2) и Омерагиќ (78), додека голот за Лозана го постигна Диаките (58).

„Тука не застануваме. Лозана и натаму ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12. играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, додаде Седлоски.

Реваншот во Лозана е закажан за 31 јули со почеток во 20:15 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција ќе ја признае Палестина како држава, потврди Макрон
Следна Статија Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

По подолго време Партизан ќе има репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Партизан. 23-годишниот дефанзивец го напушти рускиот Акрон Тољати и се пресели во клубот…

February 4, 2025
СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“…

May 29, 2025
СПОРТ

Екс репрезентативецот Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ

Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија.…

September 2, 2025
СПОРТ

Обложувајте се на Европското првенство за жени

Во првото коло од Групата А на Европското првенство кое се одржува во Швајцарија, фудбалерките на Норвешка триумфираа синоќа над…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?