Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш
СПОРТ

Седлоски по мечот со Лозана: Заслужено победивме, но нè чека реванш

Објавено July 25, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, оцени дека триумфот над Лозана синоќа во Скопје е апсолутно заслужен, но посочи дека неговиот тим за една недела го очекува реванш и оти противникот сè уште ја има фаворитската улога.

„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот.Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите десетина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет“, рече Седлоски по натпреварот.

Вардар до победата во рамки на првиот натпревар од 2 квалификациско коло во Конференциската лига дојде со головите на Мато (45+2) и Омерагиќ (78), додека голот за Лозана го постигна Диаките (58).

„Тука не застануваме. Лозана и натаму ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12. играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, додаде Седлоски.

Реваншот во Лозана е закажан за 31 јули со почеток во 20:15 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција ќе ја признае Палестина како држава, потврди Макрон
Следна Статија Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Фудбалер на Фиорентина се онесвести на мечот со Интер, падна и го голтна јазикот

Страшни сцени на натпреварот Фиорентина-Интер, откако во 17 минута од средбата играчот на домашната екипа Едоардо Бове падна како покосен…

December 1, 2024
СПОРТ

Црвена звезда падна во 89-та минута на „Драгао“, Динамо го победи Макаби во Бачка Топола

Црвена звезда загуби во Порто, а Динамо Загреб забележа победа над Макаби, во второто коло во Лига Европа. На „Драгао“,…

October 3, 2025
СПОРТ

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ.…

May 22, 2025
СПОРТ

Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг по вчерашниот пораз од Вест Хем (2:1). Иако долго се…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?