Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата
ЕКОНОМИЈА

Народната банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата

Објавено February 28, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и информациите за управувањето со девизните резерви во последниот квартал на 2024 година.

Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, меѓународните организации очекуваат стабилизација на глобалниот економски раст во периодот 2024 – 2026 година, со врамнотежени краткорочни ризици, но надолни среднорочни ризици поврзани главно со трговската неизвесност и геополитичките тензии. Макроекономската состојба кај нас е во согласност со октомвриските проекции, со годишен раст на БДП од 3% во третиот квартал од 2024 година и показатели за продолжен раст во четвртиот квартал. Просечната годишна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5% и целосно е во согласност со последните проекции на Народната банка. Сепак, неизвесноста во однос на идната динамика на инфлацијата и натаму постои, а е поврзана со цените на примарните производи поради геополитичките и климатските фактори, како и поради одредени фактори од домашен карактер коишто можат да влијаат на агрегатната побарувачка. Во декември 2024 година, вкупните депозити и кредити пораснаа над очекувањата, со годишен раст од 11,4% и 11,2%, соодветно. Анкетните податоци укажуваат на олеснување на кредитните услови и зголемена побарувачка на кредити.

Според Извештајот за управувањето со девизните резерви, на крајот на декември 2024, девизните резерви на земјава достигнаа историски максимум од 5.029 милиони евра, со повеќе од 60% вложени во хартии од вредност, главно државни обврзници од еврозоната.

Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а балансираниот приод во инвестирањето придонесе за остварување поволни финансиски резултати.

На седницата, Советот ги разгледа и ги усвои Финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2024 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи ја прикажуваат објективно финансиската состојба на Народната банка, како и резултатите од работењето и паричните текови, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување. Во согласност со заложбите за обезбедување транспарентност во работењето, Финансиските извештаи на Народната банка се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“, како и на интернет-страницата на Народната банка.

На Седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наставничка физички нападнала ученички, употребила и дрвен предмет
Следна Статија Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места

Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања. Првата инвестиција на…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Над 50 работници од конфекција останаа без работа и плата – сопствениците исчезнале додека биле на колективен

Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Можно е лебот повторно да поскапи, предупредуваат мелничарите

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?