Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство
МАКЕДОНИЈА

Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство

Објавено May 28, 2025 12:31
Сподели
Сподели

Стратешка позиционираност на Македонија во регионот, развој на инфраструктурата, здравството, енергетиката, науката, зацврствување на институциите… ќе овозможи Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски информирајќи дека завршила комисиската расправа за ратификација на Договорот и оти за него ќе се расправа на денешната пленарна седница.

Ја повика опозицијата на коструктивност и апелираше да гласа за Договорот, оти како што рече, тој е историски за Македонија.

Ние ги повикуваме да се приклучат на овој еден голем да речеме историски момент, а тоа е Договорот за стратешко партнерство. Фигуративно ќе кажам, возот е тргнат може да се качат ако сакаат. Мислам дека ова е последната станица на која можат да го фатат приклучокот, рече Мицевски.

Овој договор, нагласи, не е класифициран, не се чува во четири ѕида како претходните на владата на СДС и ДУИ. Се’ е транспарентно, затоа што и придобивките се јавни и достапни за граѓаните.

Повикувам на зрелост и конструктивност од опозицијата предводена од СДС и ДУИ. Ова не е договор на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Македонија, за сите граѓани. Неговото отфрлање е одење против народот и интересите на Македонија. Затоа очекувам прифаќање на подадената рака за заедништво и поврзување на Македонија. Ова не е време на поделби, на криминал и рушење на позиции. Сега е време на градење, придонесување за иднината на сите. Сега е време за Македонија, рече Мицевски на прес-конференцијата во Собранието.

Историски чин за Македонија е, како што рече, затоа што преставува цврст темел за односите со една од најголемите светски сили и мотор на финансиите, науката и иновациите.

Македонија ќе може да ја направи железницата долж Коридорот 10, во две железнички линии, од кои едната ќе биде брза железница за возови над 160км на час, а другата линија за товарен транспорт. Линијата за товарен транспорт ќе ја подигне стратешката важност на Македонија и ќе го зголеми протокот на стоки низ државата од пристаништата во Грција кон Средна Европа. Само по основ на транзит, очекувано е државата секоја година да инкасира од 100 до 120 милиони евра. Ќе ја трансформираме државата на здравствен план. Овој договор ќе овозможи доизградба на Клиничкиот центар во Штип, медицински факултет и нов студентски дом, изградба на болница во Кичево и Тетово, рече Мицевски појаснувајќи делови од Договорот.

Овој договор, додаде, ќе овозможи пристап до знаење, искуство и експертиза од светско ниво. Македонија, според него, ќе има Британско искуство и помош, од кои ќе може да учи и по чии стандарди ќе се работи.

По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испартен во Собранието.

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други критични сектори во Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најскапиот коктел на светот: Чини колку половина стан, го служат во специјални чаши од 1937 година
Следна Статија Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден од повредените раскажа детали за кобната ноќ во Кочани (ВИДЕО)

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Искусни токсиколози ќе прават испитувања пред да бидат пуштат на домашно лекување повредените во Кочани

На повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава ќе им бидат направени токсиколошки анализи пред да бидат…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратеник од „фронтот“ на ДУИ не прифаќа да ја води Комисијата за социјална политика

Претседателот на Собранието, Африм Гаши го назначи пратеникот на „Европскиот фронт“ Бејџан Илјас да ја води собраниската Комисија за социјална…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?