Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
БАЛКАН

Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото

Објавено May 29, 2025 19:59
Сподели
Сподели

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“.

Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините.

Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето кон еврозоната.

Во оваа група спаѓаат и Шведска со 55 проценти од населението против еврото, Полска со 59 проценти, Чешка со 63 проценти и Данска со 65 проценти.

Бугарските економисти во моментов се поделени околу тоа дали нивната земја е подготвена да се приклучи кон еврозоната на почетокот на 2026 година, додека банкарскиот сектор објави дека е добро подготвен за овој чекор.

Во својата порака, организацијата нагласува дека банкарскиот сектор во земјата е веќе длабоко интегриран со еврозоната, отворајќи го патот за непречена транзиција.

Дополнително, ниското ниво на јавен долг во Бугарија се издвојува како клучен позитивен фактор, со сооднос на јавен долг со БДП од 24,1 процент на крајот од годината, што е далеку под просекот на ЕУ од 81 процент.

Буџетскиот дефицит на Бугарија останува во рамките на прагот од три проценти, а економијата забележа солиден раст од 3,1 процент во првиот квартал од 2025 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноле се присети: Татко ми еднаш стави десет марки на масата и рече – тoa e се што имаме
Следна Статија Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека би сакал предвремени избори да се одржат во декември 2026 година со…

September 13, 2025
БАЛКАН

Инциденти во Грција меѓу полицијата и земјоделците што протестираат

Сериозни инциденти се случија на островот Крит откако земјоделците кои се обидоа да се приближат до аеродромите во Ханија и…

December 8, 2025
БАЛКАН

Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Страшна несреќа се случила ноќеска околу 3 часот во Хрватска, откако автобус од БиХ се превртел на патот. Несреќата се…

May 4, 2025
БАЛКАН

Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?