Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ

Објавено December 14, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Четвртина од граѓаните на Македонија (25 отсто) сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар 2025“ на Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Според истражувањето, 21 отсто од испитаниците во земјава очекуваат влез во ЕУ до 2035 година, 11 отсто до 2040, а 15 отсто се пооптимистични и веруваат дека тоа ќе се случи до 2030 година. Дека членството ќе се случи по 2040 година веруваат 11 отсто, додека 13 отсто не знаат или не одговориле.

И покрај скептицизмот за датумот на влез, поддршката за членство останува висока поради економските очекувања. Дури 62 отсто од македонските граѓани сметаат дека членството во ЕУ ќе биде добро за економијата, 27 отсто сметаат дека нема да биде ниту добро ниту лошо, а само 9 отсто мислат дека ќе биде лошо.

На ниво на Западен Балкан, поддршката за членство во ЕУ е порасната на 64 отсто, во споредба со 54 отсто во 2024 година. Најголема поддршка има во Албанија (86 отсто) и Косово (78 отсто). Генерално во регионот, опаѓа бројот на оние што мислат дека проширувањето „никогаш нема да се случи“ (од 18 на 17 отсто), а расте оптимизмот дека тоа може да се случи до 2030 или 2035 година.

Загрижувачки се податоците за иселувањето на младите. Во целиот регион на Западен Балкан, дури 68 отсто од младите се подготвени да заминат во странство за работа или живот – 34 отсто трајно, а 34 отсто привремено. Само 29 отсто од младите претпочитаат да останат во своите земји. За споредба, кај општата популација, 59 отсто би останале дома.

Главните грижи на граѓаните во 2025 година остануваат цените и инфлацијата (66 отсто), општата економска ситуација (44 отсто) и корупцијата (35 отсто). Како главни пречки за регионалната соработка се посочуваат недовербата поради историски прашања (38 отсто) и националистичката политика (37 отсто).

„Балканскиот барометар“ е годишно истражување спроведено преку директни интервјуа со граѓани во период од 21 мај до 30 јуни 2025 година во сите шест економии од Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски
Следна Статија Мицкоски: Обвинителството да се занимава со СДСМ – ширењето паника и страв околу мигранти е насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се светнува Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење…

January 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изминатите месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме, истакна…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?