Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето

Објавено November 13, 2024 12:10
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.

Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палчо го возел „кангуто“ без полномошно, а во партијата чувал пиштол
Следна Статија Осомничен за убиство по 10 години конечно уапсен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Што се случувало во Света Софија во деновите пред обновувањето на автокефалноста на МПЦ

Од 17. до 19 јули 1967 година, во познатата црква „Света Софија“ во Охрид, Светиот архијерејски синод на Македонската православна…

July 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи

По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?