Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
СПОРТ

Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома

Објавено November 20, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Селекторот Благоја Милевски во првата оценка по денешната жрепка за мундијалскиот плејоф во кој македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето ја доби Данска, рече дека станува збор за исклучително квалитетна репрезентација, додавајќи оти во оваа фаза на квалификациите нема лесни противници.

Жрепката која попладнево беше извлечена во седиштето на ФИФА во Цирих, одлучи македонската репрезентација да ѝ гостува на Данска на 26 март во полуфиналниот бараж, додека во случај на триумф, избраниците на Милевски во финалето на 31 март, исто така, на гостински терен ќе играат против победникот од второто полуфинале меѓу Чешка и Република Ирска.

„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме каква било прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, истакна Милевски во изјава за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот
Следна Статија Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Морнарите со импресивен пресврт: Seattle Seahawks го презеде водството во NFC West

По заостанување од 16 поени во четвртата четвртина, Seahawks оствари еден од најневеројатните победи во редовниот дел на сезоната, победувајќи…

December 20, 2025
СПОРТ

Алкалоид загуби и во реваншот, а го доби и пехарот од Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид претрпеа минимален пораз 29:28 од германскиот тим Хановер во реваншот од квалификациите од Лига Европа. Хановер на…

September 7, 2025
СПОРТ

Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот во WNBA

Бесмислениот тренд на фрлање дилда на натпреварите од WNBA продолжи синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувалници…

August 9, 2025
СПОРТ

Крукс е најбрзиот пливач на сите времиња

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња. Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?