Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Објавено June 17, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон, информираат од Јавното обвинителство.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од “Support Kocani”, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на следниот ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во сеќавање на жртвите од Кочани: Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме
Следна Статија Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Кривична пријава за 10 лица за запленетите 40 тони канабис

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Снежно утро во Скопје (ФОТО)

Скопјани беа пријатно изненадени кога се разбудија утрово и видоа дека паѓа снег. Снегот се уште паѓа иако е мала…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба во Владата: Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда

Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда, за да може вработените кои не зеле…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?