Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
ЕКОНОМИЈА

Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Објавено June 17, 2025 15:21
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Македонија, Масимилијано Паолучи.

На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.

Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.

Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Следна Статија Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови…

July 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании

Илон Маск официјално ги спои SpaceX и xAI, создавајќи единствен корпоративен ентитет кој, според проценките, станува највредната приватна компанија во…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?