Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

Објавено June 17, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот.

– Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена мене, туку е реплика на она што го прави и мора да го прави ЕУ за да покаже дека во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето и оти таа е неразделна од заедничката надворешна и безбедносна политика, а ние многупати сме посочени како држава што е целосно усогласена со Европската надворешна и безбедносна политика, изјави денеска претседателката.

Едно е какво е личното државно доживување, истакна Сиљановска – Давкова, а друго е каква е реалноста.

– Јас тврдев, тврдам и знам дека сите европски политичари се свесни дека тажната неевропска македонска приказна нема да застане на нас, ќе биде една од следните приказни и покрај моето радување за напредувањето на некои држави во регионот, рече таа.

Претседателката на Македонија повтори дека ние не смееме да бидеме жртва на идентитетските прашања.

Идентитетските прашања, појасни Сиљановска – Давкова, се надвор од било која преговарачка рамка бидејќи се надвор од Договорот за ЕУ од Лисабонскиот договор и од Повелбата за фундаментални права. Таму, подвлече, се гарантира националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку и на кандидатите на ЕУ.

– Ние не бараме никаков ексклузивен статус. Ние бараме стандардно однесување во духот на она што постојано го повторувам. Сакам да живеам во стандардна европска држава, не сакам да биде мојата држава исклучок од сите други, правилата треба да важат за сите, изјави во Тирана Сиљановска – Давкова, која вчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
Следна Статија Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа оставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ден на народното востание – 11 Октомври

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври. Претседателката…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција

Именувањето на директор со одлука на Владата е реализирана во сериозна и внимателна постапка ценејќи ги сите законски услови за…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?