Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Објавено February 16, 2025 20:58
Сподели
Сподели

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест на кој стотици граѓани бараа правда за загинатите во сообраќајни несреќи како и ригорозни казни за прекршителите на сообраќајните правила кои предизвикале смртни последици.Протестот започна од „Партизански одреди“ каде што загина Фросина на 29 јануари, откако беше прегазена додека минувала на пешачки, од автомобилот на 20-годишниот возач, кој според официјалните информации, немал возачка дозвола, имал алкохол во себе и поминал на црвено.

Во првите редови, покрај најблиските на Фросина, беа и родители и семејства на жртви во сообраќајни несреќи кои бараат правда за своите најблиски. На нивните транспаренти пишуваше „Сакаме правда за жртвите“,„ Правда за Теодора“, „Правда за Викторија“ и повикуваа по скопските улици да им се приклучат случајните минувачи.Во повикот за протест кој што го објави сестрата на Фросина, Росица е наведено дека „ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука“.

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата. Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!“, се вели во повикот за денешниот протест.

По Владата, следната дестинација на протестниот марш ќе биде Собранието и Апелациониот суд.Демонстрантите од праниците бараат се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.Од судиите во Апелациониот суд, демонстраните бараат да престанат да ги бранат, како што велат нечесните меѓу нив.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
Следна Статија K-15 – Basket – Mile bara mesto kaj sto mu ide shut

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

Формирањето на Министерството за дигитална трансформација беше стратешка одлука затоа што додека државите во регионот со забрзано темпо чекореа кон…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?