Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена
МАКЕДОНИЈА

Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена

Објавено March 15, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Македонија“.

Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството за БТА го оценува како медиумска шпекулација.

Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Република Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија. Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга – од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 – 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на РМ е приближно 70 километри, соопшти Министерството, пренесува БТА.

Според бугарското Министерство, железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Република Македонија.

На 15 јануари 2025 г. согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Република Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Република Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел – изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Бугарија и Република Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од РМ, наведуваат во својот став од бугарското Министерство.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, денеска одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, ја оцени како политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8.

Испратени се писма до Европската делегација, до Европската транспортна заедница, но исто така и до двете банки Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, откако вчера бугарската Влада информираше дека нема предвидено средства за железничката пруга, која треба да ги поврзи Софија-Скопје преку железничкиот Коридор 8, изјави Николоски.

Нашата држава, рече тој, останува силно посветена на изградба на Железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција, во должина од 34 километри, којашто оди од Бељаковце до градот Крива Паланка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Човечки коски најдени во шахта во Илинден
Следна Статија Лидерот на ИСИС убиен во Ирак, Американците објавија видео

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Јанковец кај Ресен, богослужбата за Недела на Православието предизвика силни реакции меѓу…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на вчерашниот ден, главниот…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска во Тетово повторно беше прашана дали носи преведувач

Министерката за образование Весна Јаневска  при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?