Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во Кочани.
Државниот обвинитиел Љупчо Коцевски рече дека одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите.
Предвидена е казна од најмалку три години, а казната може да се движи до 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства
Засега се задржани 14 лица во полициските станици, кои се осомничени и за сите ќе се бара притвор, вклучувајќи го и ексминистерот Крешник Бектеши. Сега, може да се одреди само 48 часовен притвор, а тој по отворање на истрагата, односно по 48 часа, да има и 30 дневен притвор.
„Полицијата е овластена да уапси секого, без разлика на последицата, а кој допринел со неговото однесување“, рече Коцевски.
За лицата кои се во тешка здравствена состојба, а се осомничени, постапката ќе продолжи штом тие бидат подобро.
Коцевски повтори уште еднаш дека истрагата ќе биде брза и целосна, дека ќе бидат изнесени пред суд сите одговорни за овој немил настан. Тој нагласи дека ја разбира тагата и гневот кај граѓаните, рече дека и тој како обвинител го чувствува истото, но дека во овој момент потребно е да се обединиме.