Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава
МАКЕДОНИЈА

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

Објавено August 6, 2025 14:05
Сподели
Сподели

Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер.

Како што беше појаснето, МОН со поддршка од граѓанскиот сектор (САНО НВО – здружение кое им помага на децата заболени од канцер), воведува формално основно образование за децата кои се на подолгорочно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје.

– Направени се измени на законска и подзаконска регулатива и училиштата каде се запишани децата кои се на лекување на Клиниката, треба да ги вклучат во настава од септември – директно, односно онлајн додека траат часовите, или преку асинхрона комуникација (наставникот му испорачува материјали на ученикот, му задава задачи, оценува знаење…).  Наставникот може да организира и индивидуална настава за ученикот, преку некоја дигитална алатка, беше споделено денеска на Клиниката и истакнато дека  сето ова зависи и од здравствената состојба на детето.

Целта е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата. Беше нагласено дека ниедно дете не смее да биде лишено од образование само затоа што се лекува и дека болеста не значи изолација, прекин или заборавеност. Во тек биле обуки за ефективна работа на далечина на наставниците со овие деца.

– Имам голема чест како директор на Клиниката за детски болести да бидам дел од овој многу важен момент за децата во болница. Се работи за проектот – Воведување на формално образование за децата кои се наоѓаат на подолг болнички престој или се лекуваат во домашни услови поради сериозни здравствени состојби, како што се малигни заболувања и други. Овој проект е поддржан од Министерството за образование,  Министерството за здравство,  Клиниката за детски болести и НВО САНО, рече директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

Тој подвлече дека образованието не е само средство за учење, туку и клучна алатка за емоционална стабилност и зачувување на самодовербата на децата, па според тоа, додаде, вклучувањето на децата од болница во формалното образование значи половина здравје, бидејќи доброто ментално здравје кај овие мали пациенти значи дека многу полесно и помотивирано ќе го поминат долготрајниот пат на лекување.

– Изразувам голема благодарност на Министерството за образование, Министерството за здравство и Здружението САНО за овој историски чекор од аспект на образованието на учениците во болница. Во името на целиот колектив, на учениците во болница им посакувам успешна настава, а ние ќе дадеме се од себе да им помогнеме првин да ја совладаат болеста, а потоа бројките и буквите, нагласи Мемеди.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека во центарот на здравството е пациентот.

– Ние како Министерство за здравство сме надлежни да креираме инфраструктура што ќе биде компатибилна со потребите за учење во далечина. Од другата страна, Министерството за образование креира методологија и материјали што децата ќе треба да ги поминат, со цел да ги добиваат здравствените но и образовните услуги, истакна Алиу.

Тој најави дека од утре ќе се креира работна група, со цел обезбедување на квалитетен соодветен кадар за работа.

Министерката Јаневска рече дека досега кон овие дечиња биле направени сериозен пропуст и дискриминација. Денеска, додаде таа, со добар проект и системско решение, се покажува дека не станува збор за нерешливи проблем.

– Овој процес постојано ќе се унапредува. Она што е значајно, е, дека во овој момент, одреден број наставници кои имаат такви дечиња овде, веќе се на обука, за од 1 септември да можат да почнат да го работат тоа, информираше министерката и се заблагодари на сите кои учествуваат во проектот.

Марија Вук истакна дека е ова историски чекор и се заблагодари за поддршката.

На новинарско прашање, директорот Мемеди одговори дека во моментов, овде на овој оддел имало околу 20 деца, но тој број се менувал одвреме навреме. Обично, кај  децата со малигни заболувања, понекогаш третманот траел и до две години, зависно од самата патологија. Првите шест месеци, биле приморани да бидат цело време на Клиника.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кинескиот град кој буквално живее во височините: Има површина колку Австрија, 32 милиони жители и осум димензии
Следна Статија Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства од Кочани кои се лекуваа во странство

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитки за ЖАНЕ, СРАМ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (ФОТО)

Честитки за Снежана Лупевска, директорка во Телма ТВ, да го најде, да разговара и да се фотографира со најбараниот криминалец…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој

„Во Македонија нема заборавени места – рамномерниот развој е наш императив, сакаме да ја зголемиме економската и социјалната стабилност во…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?