Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Објавено September 28, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.

Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)
Следна Статија Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството

Обвинителството во рамки на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40…

February 9, 2026
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Куќа во Гази Баба се запалила во вторникот, а пожарот бил изгаснат и немало повредени. Според информациите од Министерството за…

August 21, 2025
ХРОНИКА

ПИЈАНИ ВОЗАЧИ НА ПАТИШТАТА Жена фатена со 3,20 промили во Струмица, еден маж со 3,47 во Струмица и еден со 1,99 во Куманово

Три лица од Виница, Куманово и Струмица се лишени од слобода поради управување со моторни возила под дејство на алкохол,…

August 31, 2025
ХРОНИКА

Уапсен Александар Лазаров по бегството од полициската во Кочани

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?