Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар
МАКЕДОНИЈА

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар

Објавено August 9, 2025 21:00
Сподели
Сподели

Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар.

Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие.

-Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила, изјавиле од граничната полиција.

Додаваат дека и полициските и царинските работници ангажирани се со целосна подготвеност, за да гарантираат брза, гостопримлива и високоинтегритетна услуга за секој граѓанин и посетител што влегува на или излегува од албанска територија.

Преку овој премин, кој е на четири километри од градот Дебар, минатиот викенд, 2 и 3 август, според македонското МВР, минале вкупно 13 603 патници, од нив 4 562 македонски и 9 041 странски државјани.

Во првата половина од годинава забележана е историски рекордна фреквенција од отворањето на преминот во 1992 година. Така, за шест месеци минале 574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани 370.827 патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора
Следна Статија Три намирници кои имаат позитивен ефект врз функционирањето на тироидната жлезда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уапсен дилер во Кичево

Вчера во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат просперитет на младите во државата

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?