Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголемува цената на дизелот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се зголемува цената на дизелот
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на дизелот

Објавено June 9, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 2.06.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,833%, кај дизелот за 3,057%, кај екстра лесното масло за 3,388% и кај мазутот зголемувањето е за 3,088%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5243%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 38,486 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања

Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Се работи за…

December 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?