Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница.
Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план за нас. Морав да се повлечам од тој натпревар на Вимблдон и тоа беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Ви благодарам за огромната количина љубов – од семејството, пријателите, фановите, колегите, до целата тениска заедница… вашите пораки навистина ме кренаа во овие тешки времиња. Ви благодарам на сите. Навистина. Закрепнувањето започнува сега. Се гледаме наскоро – напиша Григор Димитров на својот Инстаграм профил.