Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра

Објавено June 28, 2025 07:59
Сподели
Сподели

Пет стана, за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски, официјално се ставени на продажба. Имотите беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, а Агенцијата за управување со одземен имот ги огласи на јавно наддавање, објави Фокус.

Се работи за три ексклузивни луксузни станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вкупна проценета вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени, со пространи балкони и панорамски поглед кон градот.

Огласени се следните недвижнини:

Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – цена: 760.000 евра

Стан 2: 199 м² + 48 м² балкон – цена: 847.000 евра

Стан 3: 200 м² + 48 м² балкон – цена: 851.000 евра

Покрај становите на Водно, на продажба се ставени и два стана во Кисела Вода, во зградата каде што Груевски живееше пред бегството во Будимпешта. Едниот стан има површина од 57 м² и е понуден по цена од 63.000 евра, а вториот од 38 м² се продава за 44.000 евра.

Продажбата на имотот се спроведува согласно новиот Закон за управување со одземен имот, донесен во март 2025 година. Со овој закон се забранува учество на членови на семејството на поранешните сопственици во јавни аукции.

Огласената продажба на становите на Никола Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во враќањето на средствата стекнати преку криминал и обнова на довербата во владеењето на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јувентус нуди 50 милиони евра за „бедемот“ на одбраната на Барселона
Следна Статија Во Србија се одбележува Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски се обрати Свечена академија по повод 23 Октомври–Ден на Македонската Револуционерна Борба „Завет кој обврзува”,…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Венецијанската комисија го одобри: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?