Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се проширува истрагата за Кочани за нови 23 осомничени: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се проширува истрагата за Кочани за нови 23 осомничени: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри
ХРОНИКА

Се проширува истрагата за Кочани за нови 23 осомничени: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри

Објавено April 12, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН, пренесува 360 степени.

Според информациите објавени на порталот 360 степени, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка, се наведува во информацијата.

Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Според информациите на 360 степени, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен.

Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.

Од обвинителството потврдија.„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се  во тек“, велат оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна
Следна Статија Вреди сѐ поблиску до одлука за заеднички настап на локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата…

June 1, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во фабриката за муниција Самоков

Изгаснат е пожарот кој избувна синоќа во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, во близина на Македонски…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Вработена во училиште нападнала ученик

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?