Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се роди првото бебе, зачнато со помош на робот- 40 годишна жена доби син
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Се роди првото бебе, зачнато со помош на робот- 40 годишна жена доби син
ЗАБАВА

Се роди првото бебе, зачнато со помош на робот- 40 годишна жена доби син

Објавено April 12, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Во моментот кога едно мало роботско пипало инјектира сперма во јајце клетка, светот можеби тивко влезе во нова ера – во која дури и зачнувањето повеќе не мора да биде дело на човечка рака.

Првото машко бебе зачнато преку целосно автоматизирана процедура за ин витро оплодување е родено во Гвадалахара, Мексико. Не, ова не е почеток на научно-фантастичен роман. Ова е почеток на реалноста каде роботите – буквално – создаваат живот, објави Бизнис Тудеј.

Од неуспех до научен пробив

Мајката на детето, четириесетгодишна жена, претходно имала неуспешен обид за ин витро оплодување – добиена е само една зрела јајце клетка, но не и ембриони. Овој пат, истражувачите решија да му дадат шанса – на робот. И не каков било систем – туку софистициран систем кој самостојно избира, подготвува и вметнува сперма во јајце клетка со ласерска прецизност.

Вештачката интелигенција ја зема пипетата во свои раце

Станува збор за автоматизиран ICSI систем (интрацитоплазматска инјекција на сперма), развиен од њујоршката компанија Conceivable Life Sciences, а предводен од тим од Универзитетот во Гвадалахара, предводен од д-р Герардо Мендизабал Руиз. Овој роботски систем користи вештачка интелигенција за самостојно да ја избере најдобрата сперма, потоа да ја имобилизира со ласер и прецизно да ја вметне во јајце клетката – без ниту едно човечко движење.

Уште пофасцинантно – со системот управувале оператори оддалечени повеќе од 3.000 километри, од Њујорк и Гвадалахара, преку Интернет.

Идни статистики

Во студијата беа искористени осум јајца – пет за роботско оплодување и три за класично оплодување. Јајце клетката потекнува од 23-годишна донаторка, додека спермата ја дал 43-годишниот партнер на новопечената мајка. Роботот успешно оплодил четири од петте јајце клетки. Со класичниот метод сите три беа успешно оплодени. Сепак, беше избран токму еден „роботски“ ембрион за трансфер – а девет месеци подоцна светот го доби своето прво бебе, зачнато без човечка рака во најважниот момент.

Што значи ова за иднината?

„Системот ја носи прецизноста, ефикасноста и стабилноста на резултатите на ниво што досега не сме го имале“, рече Жак Коен, ембриолог од Њујорк. Во просек, автоматизираниот процес траеше околу десет минути по јајце, малку подолго од класичната процедура, но истражувачите веруваат дека времето ќе се скрати како што ќе се подобрува технологијата.

Во следната фаза, системот ќе биде тестиран во поголемо клиничко испитување, а резултатите ќе одредат колку брзо оваа технологија би можела да стане дел од стандардната практика во центрите за ИВФ ширум светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина проф. др. Александар Ношпал
Следна Статија Протестен марш во Скопје против поради загадувањето на Крива река

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека…

March 17, 2025
ЗАБАВА

Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на…

July 5, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Погледнете го новиот електричен „ѕвер“ на легендарниот кошаркар

Со оглед на тоа дека неговиот имот моментално се проценува на приближно три и пол милијарди долари, Мајкл Џордан лесно…

October 6, 2024
ЗАБАВА

„Свадба“ руши рекорди: Балканската комедија што ја разбуди „Југосферата“

Хрватската комедија „Свадба“ предизвика вистинска еуфорија во кината низ регионот, рушејќи рекорди уште пред официјалната премиера. Филмот, за кој пишуваат…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?