Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
ЗАБАВА

„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски

Објавено July 10, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Со гордост го претставуваме третото музичко дело од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – безвременската народна патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски, со музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Станува збор за песна што не само што се пее, туку и се чувствува. Песна која потекнува некаде од крајот на 19. или почетокот на 20. век – време на немир и надеж, кога комитите со срце и пушка ја пишуваа историјата на македонската борба за слобода. Преку стиховите на оваа песна се слуша ехото од планините, шепотот на клетвите дадени за татковината и чекорите на храбри луѓе кои се бореле за сонцето што денес гордо нè грее.

„Се собрале комитите“ е длабоко вкоренета во македонската традиција, особено во западните и централните краишта. Многубројните варијанти сведочат за нејзината вечна актуелност, а сега, со новото аранжманско руво и гласот на Миле Кузмановски, песната добива свежина – без да загуби трошка од својата душа.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја реализира својата мисија – да ја слави македонската музичка традиција преку современи преработки на безвремени народни бисери.

По претходно објавените „Не кажувај либе добра ноќ“ во изведба на Огнен Здравковски и „Како пиреј“ на Ламбе Алабаковски, новата песна ни носи уште една горда нишка од нашето културно ткаење.

Во периодот што следува, љубителите на македонската песна ќе имаат можност да уживаат во целосната збирка од проектот – песните ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ИЈЗ: На одмор јадете тазе зготвена храна и спречете убоди од инсекти
Следна Статија По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почеток на сезоната на Вагите: Што ги очекува хороскопските знаци?

На 22 септември започнува сезоната на Вагата – време кога рамнотежата, хармонијата и односите се во прв план. Сонцето во…

September 23, 2025
ЗАБАВА

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои добри и лоши страни, некои од нив се повеќе склони да покажуваат особини што…

July 19, 2025
ЗАБАВА

Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт

Помина еден месец откако актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа. Светот сè уште е потресен…

March 27, 2025
ЗАБАВА

Чуда се случуваат на Свети Василиј Острошки, на овој празник утре има само еден обичај

Православната црква и верниците утре го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. Уште поголемо…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?