Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синер и Алкараз во финалето на Вимблдон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Синер и Алкараз во финалето на Вимблдон
СПОРТ

Синер и Алкараз во финалето на Вимблдон

Објавено July 12, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена причината за падот на авионот на Ер Индија, во кој загинаа 260 луѓе: Кој го прекина дотокот со гориво?
Следна Статија Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Нов „трипл-дабл“ на Јокиќ

Првата победа за екипата на Денвер во новата сезона во НБА беше „заверена“ со нов „трипл-дабл“ на нивниот најдобар играч…

October 26, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија

Македонската машка кошаркарска репрезентација триумфираше вечерва над Швајцарија со 62-56 во првиот од двата контролни натпревари во рамки на подготовките…

July 26, 2025
СПОРТ

По подолго време Партизан ќе има репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Партизан. 23-годишниот дефанзивец го напушти рускиот Акрон Тољати и се пресели во клубот…

February 4, 2025
СПОРТ

Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани

Горан Пандев и Христо Стоичков ќе ги предводат селекциите на Македонија и Бугарија на хуманитарен натпревар, кој ќе се одигра…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?