Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија
СВЕТ

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Објавено April 26, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Дваесет и едногодишниот Американец Мајкл Александар Глос потпишал договор со руското Министерство за одбрана и загинал борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.

Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор за дигитални иновации на ЦИА.

Глос потпишал договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според протечените податоци од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS).

Бил погребан во САД осум месеци по неговата смрт.

Во системот го внеле вработените во центарот за регрутирање на војници по договор во Москва, а како адреса на живеење – како и кај стотици други странски волонтери – ја наведоа адресата на самиот центар. Патем, во таа просторија се врши и лекарскиот преглед на кандидатите за регрутирање.

Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос починал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некрологот објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави дури осум месеци по неговата смрт.

Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чиј идентитет го открил IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји, вклучувајќи ги и членки на Европската Унија и САД, се приклучиле на руската страна во војната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите, вели Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Близок пријателски круг оддаде почит на Роб Рајнер: Беше на врвот на своето големо дело

Билли Crystal, Larry David и други пријатели објавија заедничко соопштение во чест на Роб Рајнер

December 18, 2025
СВЕТ

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека…

March 1, 2026
СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош…

April 2, 2025
СВЕТ

Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза

Ударите на иранските нафтени постројки може да предизвикаат голема економска штета на Техеран, исто така, може да доведе до огромно…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?