Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци
ПОЛИТИКА

Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци

Објавено August 9, 2025 00:39
Сподели
Сподели

Премтим Коџаџику, синот на пратеничката на владејачката ДУИ, Мерита Коџаџику, ја добил работата „независен советник во кабинетот на директорот за финансии, правни работи и развој“ во М-НАВ, контролата на летање, објави денеска ДУИ.

Од опозициската партија, во соопштение лиферувано само на албански јазик и испратено само до медиумите на албански јазик, реагираат зошто на двата огласа се примени 14 етнички Македонци и двајца Албанци.

Изборот на кандидати беше направен вчера, во процедура што Синдикатот на М-НАВ ја нарече незаконска и спротивна на колективниот договор. Официјалните одлуки за работните места ќе бидат распределени откако ќе завршат изборите.

Според Синдикатот, челниците на Македонска навигација во два наврата не ѝ дозволиле на контролорка, синдикална претставничка, да присуствува на интервјуата за работа на новите вработени. Од Синдикатот велат дека се работи за исмислени работни места кои се делат по партиска линија.

„Директорите ѝ рекоа на претставничката на синдикатот дека, ако сака, може само да погледне и да потврди дека кандидатите влегле на интервју, додека директорите, преку ова, добиле ексклузивна можност да избираат нови вработени. Ние не сме шпиони за да гледаме низ клучалката, туку да потврдиме дека се избрани најдобрите кандидати. Ова е во согласност со Колективниот договор“, изјави вчера Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контрола на летање.

Контролорка од синдикатот во М-НАВ морала преку врата да наслушува додека директорите бирале нови вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори
Следна Статија УЕФА ги казни Јамал и Левадовски, а го суспендира тренерот Флик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пријателот на Таче и креаторот на францускиот предлог си поднесе оставка поради корупција

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков си поднесе оставка од пратеничката функција, објави „www.offnews.bg“. Како што наведуваат бугарските медиуми причина за…

July 4, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити до Таравари: Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа

После официјализацијата на повлекувањето од Влада од страна на Алијанса за Албанците крилото на Таравари, се огласи Изет Меџити. По…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Нетпрес: „Неподмитливите“ од Левица „лапаат“ државни пари

Еден од најгласните претставници на Левица во наводната борба против расипништвото на политичките елити, пратеникот Борислав Крмов во периодот од…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?