Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“
ПОЛИТИКА

Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“

Објавено May 17, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто го менува Законот за употреба на јазиците, зошто го менува Охридскиот рамковен договор и зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата, информираат од партијата.

Како што истакнал Ахмети, Албанците имаат право да ја водат државата бидејќи се нераскинлив дел од неа.

„Ние не ја носиме државата со себе, ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30 отсто, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста!“,изјавил Ахмети, отфрлајќи ги стравовите дека Албанците наводно ја преземаат државата.

Говорејќи за обидите за поделба меѓу Албанците и нивно заменување со т.н. „чесни Албанци“, Ахмети предупредил на враќање на опасни идеологии.

„Знаете ли кој ја користеше филозофијата за ‘чесните Албанци’? Милошевиќ! А секој што денес ја промовира таа идеја, ја оживува логиката која Албанците ја поразија“,нагласил првиот интегративец.

Ахмети потенцирал дека Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“:

„Нѐ држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши. Денес Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност! Оваа држава повеќе не може да се води од само една страна. Не е во ничиј интерес да се загрози соживотот. Оние што му служат на злото, не можат да бидат наши партнери!“,порачал Ахмети.

На крајот од својот говор тој повикал на мир, обединета Европа и слободно движење, спротивставувајќи се на идеите за големи држави со визија за регионална интеграција:

„Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија – туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција. Западен Балкан обединет во Брисел, во мир и конечно помирување!“,изјавил лидерот на ДУИ пред жителите на Арачиново.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да има мигрантски кампови во Македонија: Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите
Следна Статија Израел започна нова голема офанзива во Појасот Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

На денешната собраниска комисија за политички систем, пратеникот Бране Петрушевски, се осврна на состојбата во судството. За истото има низа…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?