Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски во Сарај: Монтажен паркинг кај локалитетот Матка, осветлување, реконструкција на главната улица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски во Сарај: Монтажен паркинг кај локалитетот Матка, осветлување, реконструкција на главната улица
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски во Сарај: Монтажен паркинг кај локалитетот Матка, осветлување, реконструкција на главната улица

Објавено October 4, 2025 15:55
Сподели
Сподели

Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

– Денес сум помеѓу мојот народ во едно од најубавите места не само во Скопје и Македонија, туку и во целиот свет, Сарај и Матка. Оваа општина нема повеќе да биде заборавена. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Со изградбата на монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, потенцираше тој, ќе овозможиме подобра пристапност и уредено паркирање за домашните и странските посетители.

-Така го намалуваме хаосот и притисокот врз природната средина, овозможуваме контролирано управување со туристичкиот прилив и создавање на услови за одржлив развој на туризмот во еден од највредните природни бисери на Скопје. Во мојата програма предвидено е и целосно реконструирање на главната улица, со што ќе се обезбеди побезбеден, поквалитетен и современ сообраќај. Ќе ја направиме улицата побезбедна и за пешаците и за возилата, со нови тротоари, сигнализација и осветлување, затоа што Сарај заслужува модерна инфраструктура, каква што имаат сите развиени општини. Во план е и изградба на канализациона мрежа во Долна Матка, проект кој е од суштинско значење за здравјето на жителите и за заштита на реката и природната околина. Посебно внимание посветуваме и на осветлувањето на Горна Матка, проект кој директно ќе ја зголеми безбедноста, пристапноста и квалитетот на живот и за жителите и за туристите, посочи Ѓорѓиевски.

Facebook / Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

Во рамки на неговата посета тој остварил средба и со риболовните друштва од Скопје.

-Тие се вистински чувари на реките, луѓе кои со љубов и посветеност се грижат за природата и спортот.
На реката се одржуваат бројни натпревари, а токму нивната поддршка и искуство се непроценливи во развојот на риболовниот туризам и заштитата на нашите води. Затоа, заштитата и темелното чистење на речното корито ќе биде еден од моите приоритети. Заедно со народот и со силна визија, Сарај ќе прерасне во гордост на Скопје, а Матка ќе стане пример за одржлив туризам и вистинско место за уживање и живот, наведе Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Детален водич) Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври
Следна Статија Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на…

February 23, 2026
ПОЛИТИКА

Тачи потврди: Јас и ДПА веќе не сме дел од „Европскиот фронт“

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека тој и неговата партија повеќе не се дел од…

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025,…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?