Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ
МАКЕДОНИЈА

„Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ

Објавено September 22, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Иницијативата „Сите за Палестина“ и испрати писмо на претседателката Гордана Сиљановска Давкова непосредно пред почетокот на Генералната дебата при 80-то Генерално собрание на ОН. Во писмото тие ја потсетуваат претседателката дека во Обединетите нации гласот на Македонија како земја-членка треба да го застапува гласот на граѓаните, а не економските и политичките интереси на поединци. Тие исто така побараа:

-Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ и да ја признае Палестина;

-Итно да се побара сопир на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел;

-Македонија да почне да гласа ЗА солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН;

-Да се воведат санкции кон Израел, да престанеме да го признаваме Израел, веднаш да се престане со трговијата со Израел и да се сопре секаква културна, образовна и спортска соработка со Израел;

-Оваа година, темата на Генералната дебата е „Подобри заедно: Повеќе од 80 години за
мир, развој и човекови права“. Во вашата видео-порака по повод 80 годишнината од
основањето на Обединетите нации, вие истакнавте: „Оваа 80 годишнина е повик за
будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот
меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со
предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава
планета.“

Точно, од нас зависи! Но, како придонесувате вие и останатите претставници на нашата
држава кон градење мир, правда и напредок на здрава планета? Македонија гласа
воздржано за клучни прашања поврзани со најголемото злосторство на денешницата,
геноцидот и екоцидот кој Израел веќе две години, активно и секојдневно, го врши врз
палестинското население во Газа. За каков мир, правда и напредок на здрава планета
зборуваме, кога Македонија ни симболички нема изразено солидарност и поддршка со
народ кој трпи геноцид, кој целиот свет го следи преку малите екрани? Како може да
спиете мирно продолжувајќи ја економската и политичката соработка со геноциден
ентитет како што е Израел?

Зборовите се празни доколку не се проследени со конкретни чекори.Зборовите се опасни доколку дејствуваме сосем спротивно од нивното значење. Како ги оправдувате своите постапки?

За крај, Ве потсетуваме дека токму на ова Генерално собрание, во октомври 1963
година, Скопје го доби називот „градот на светската солидарност“. Каде е „градот на
светската солидарност“ сега? Како претседателка на државата, оправдајте го овој назив!
Тоа е вашата историска должност, порачуваат од иницијативата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
Следна Статија Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Словенечкиот тим и чешкиот хеликоптер си заминуваат, нема активни пожари

Денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила, информира директорот на ДЗС,…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прилепските мечкари – традиција од преку 100 години за безвременско постоење

Облечени се во кожи. Јагнешки, јарешки, овчи. Накитени на појасот со клопотарци, ѕвонци. Сите тешки, некои стари од век и…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

ПРОЧКА: Празник за проштавање и очистување од гревовите

Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги…

February 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?