Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
МАКЕДОНИЈА

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство

Објавено September 22, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн. Но, засега, рече, нема опасност.

-Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за промена во состојбата, така како што промптно, во сабота и недела, одлучивме да одат на онлајн-настава, така повторно би го направиле тоа. Но, сега засега нема опасности и тие ќе си одат со физичко присуство затоа што нема подобра настава и не се постигнуваат подобри успеси на учениците освен со физичко присуство, изјави Јаневска при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.

Од 14 до 19 септември, онлајн настава беше организирана во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ кои се на територија на општина Гази Баба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки
Следна Статија „Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ристов чувал предмети во фиока за да застарат, утврди Судскиот совет

Судскиот совет на денешната 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Чучуљ: ДКСК не смее да се меша во работата на Обвинителството

ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?